Утрински Весник
Економија

Николоски: Во изминатите четири години менаџиравме криза, економијата доаѓа во фокусот

20240420150508 Big 730x400 20.webp.webp

Економијата беше и останува врвен приоритет за Владата. Очекувањата кои беа споделени и на состаноците со ММФ и Светска банка се декакризата е во најголем дел надмината и може да се фокусираме на економски раст и да ги постигнеме посакуваните стапки на раст, истакна заменик министерот за финансии Филип Николоски, во интервју за Гласот на Америка за време на учеството на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ) во Вашингтон.

 -Не треба да заборавиме дека во овие четири години менаџиравме криза. Имавме пост-ковид криза, енергетска криза и инфлаторна. Сепак, успеавме да го задржиме стандардот на граѓаните, пораснаа платите, пораснаа пензиите, имаме рекорден раст на просечната плата за овие седум години, посочи Николоски.

Како што рече, главен фокус е задржување на стандардот на граѓаните. Тој напомена дека во 2023 година, Германија имаше негативен раст, од -0,3 проценти.

-Со оглед дека Германија е наш најголем трговски партнер, не можеме да очекуваме дека ние како мала и отворена економија ќе имаме супериорен раст. Кога менаџираш кризи, не можеш да се фокусираш на раст. Сега на состаноците со ММФ и Светската банка, се говори дека во најголем дел, кризата е позади нас и е надмината. Тоа ќе даде еден поттик и во наредните четири години македонската економија да го достигне оној посакуван раст и ќе се движи на ниво меѓу 4 и 5 проценти. Тоа ќе ја забрза економијата и ќе го подобри стандардот на граѓаните, рече заменик-министерот за финансии.

Тој потсети дека деветте пакети антикризни мерки беа директно насочени и кон граѓаните и кон бизнис секторот. Притоа, наведе дека се спроведуваат мерки и политики со кои се зачувува стандардот на граѓаните.

 -Од 2017 година, една просечна македонска плата заедно со една минимална плата, секојпат во овие седум години се над нивото на потрошувачката кошничка. Така и сега просечната плата достигна 40.000, минималната плата е 23. 000 денари, а потрошувачката кошничка е 60. 000 денари. Токму со политиките и мерките што ги прави оваа Влада, се зачувува стандардот на граѓаните, истакна Николоски.

Можете да прочитате

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра

Посета од претставниците на Федералните резерви на Њујорк на Народната банка за зајакнување на меѓународната соработка

Пилинг крема од кафе, играчки со сено, мед со лековити билки – избрани најдобрите зелени бизнис-идеи за 2025