Утрински Весник
Македонија

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ уцени не прифаќа

Aleksandar Nikoloski 1.jpg

Титуларно највисоката функција во државата, тоа е претседател на државата, кај нас знаете дека извршната моќ е кај владата и премиерот, но титуларно претседателот е функција број еден во државата и мора да се бира на избори затоа што тоа е врв на демократијата, така прават најдемократските држави во светот. Секој обид за суспендирање на демократијата е само обид за ставање на народот надвор од процесот на одлучување”, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на денешната прес-конференција одговарајќи на новинарско прашање.

Потпретседателот Николоски продолжи и додаде дека идејата која ја промовираат Али Ахмети и Артан Груби е идеја со која вечно сакаат да владеат.

„Јас сум свесен дека Али Ахмети и Артан Груби кои денес ја промовираа оваа идеја би сакале вечно да владеат на начин што ќе имаат сериозно партиско влијание врз изборот на владата и претседателот на државата и тоа е недемократски чин и тоа е обид за заштита на криминалот и корупцијата во Македонија”, вели Николоски.

Потпретседателот Николоски упати повик до граѓаните масовно да излезат на избори и во што поголем број да гласаат.

„Во исто време ги повикувам граѓаните масовно да излезат на избори и да гласаат во што поголем број како би ги спречиле Али Ахмети и Артан Груби да наметнуваат уцени во Македонија. ВМРО-ДПМНЕ уцени не прифаќа, тој филм нема да го гледаат, а нов претседател на Македонија ќе биде Гордана Силјановска Давкова”, дециден е Николоски.

Можете да прочитате

Извештајот за спорните операции на срце стигнал до Владата, но останува под превезот на тајност вели Клековски

До 20 часот изгаснати 12 пожари, продолжува борбата со огнот кај Кичево и Битола

Голема акција против трговија со луѓе: Во Македонија откриени кривични дела, десетици прекршоци и истрага за нелегално посвојување