Утрински Весник
Македонија

Николоски: Средбите со премиерот Стармер и приемот кај кралот Чарлс ја носи Македонија на повисоко ниво во односите со Велика Британија

Image 2025 10 24 112053630.png
Dik 300x250 mk

Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Покрај тет а тет средбите со премиерот Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од страна на Кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема бидејќи имаше и двајца уметници од државата кои исто така беа примени од Кралот, истакна вицепрeмиерот Николоски во гостувањето на Радио Лидер.

Ова според вицепремиерот Николоски ги подигнува односите меѓу двете држави на уште повисоко ниво.


” Имавме големa чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имавме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија со чиј ресор го потпишавме договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел е од кралското семејство има и кралска титула, инаку беше министер за европски прашања на Велика Британија која Македонија требаше прв пат да ги почне преговорите.  Потоа имавме средби со УКЕФ, со Министерството за финаниси, а клучната средба ја имаше премиерот Мицкоски  со премиерот Стармер, имаше два разговори со премиерот Стармер, една тет а тет средба и втора неформална средба. Понатаму имавме средба со министерката за надворешни работи и најзначајното, премиерот Мицкоски и јас да добиеме покани од Кралот Чарлс.  Не се случува тоа често во историјата на оваа држава.  Прв пат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на Монархот на Велика Британија. Тоа беше голема чест, пред се за премиерот Мицкоски и лично за мене. Она што ми е драго имаше неколку уметници од Блаканот, од тројца уметници, двајца беа од Македонија и тоа беа самостојни покани и тие не беа во делегацијата на Владата.   

Тоа е нешто што останува за историја и ја носи Македонија на едно ниво со оваа мудра и конструктивна политика која ја води оваа Влада и ова е продолжение на она што го почнавме во мај месец,  средбите со премиерот Стармер и Договорот што го потпишавме Влада со Влада за стратешко партнерско и тоа ја носи Македонија во една друга димензија и тоа е нешто што граѓаните ќе го видат бенефитот во годините што следат”- истакна вицепремиерот Николоски.

Можете да прочитате

ЦИОС – група, Загреб: „Македонски железници – Транспорт” ни должат 25 милиони евра за кои гарантира државата Македонија со закон од 2004 година

Милевски: Сомнителен молк на кандидатот на ДПМНЕ, Костадиновски за случајот Детонатор, за Пулс, дивата сеча и тепањето советник

Тешко повреден 71 годишник, со четирицикл удрил во ѕид од куќа