Утрински Весник
Македонија

Николоски: Со инсталација на новиот АТМ систем и радарски систем во М-НАВ, македонското небо добива највисоко ниво во контрола на безбедност 

6314.jpg

Поставувањето на новиот АТМ систем во М-НАВ е од исклучително значење  за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски при посетата на М-НАВ и контролната кула Скопје. 

Значењето е уште поголемо ако се земат бројките дека има преку 12 % зголемување во првите шест месеци од 2026 година во однос на 2025 година на бројот на прелети над македонското небо.

”  АTM системот е технолошко решение кое што директно ќе придонесе за повисоко ниво на безбедност, сигурност и ефикасност во управувањето со воздушниот сообраќај и со воведувањето во употреба, М-НАВ добива комплетно ново решение.

Она што можам да го кажам е дека во 2026-тата година, во првите шест месеци имаме прелет на 173.000 воздухоплови над македонскиот воздушен простор. Тоа се и оние коишто слетуваат на нашите аеродроми, но и оние коишто прелетуваат. Само за споредба, тоа е зголемување од 12,2% во однос на 2025-та, 23% во однос на 2024-та и 27% во однос на 2023-та година, а само во јули месец низ македонскиот воздушен простор имаме 42.000 прелети” истакна Николоски. 

Како што рече овој систем е поврзан со скандали во владата на СДСМ и ДУИ, но со поставување на новото раководство на М-НАВ, со добра координација системот е инсталиран и ставен во функција. 

“Набавката е започната уште во 2014 година, а договорот е склучен во 2018 година со италијанската компанија Леонардо. Од 2018 до 2024 година нема никакви активности, со тоа се соочуваа и истражните органи во изминатиот период. Со изборот на новото раководство на М-НАВ почна интензивна работа, со што еве денес сведочиме на ставање во целосна функција на ATM системот” изјави Николоски. 

Во 2025 година поставен е и новиот радарски систем на контролната кула во Скопје и истиот е во завршна фаза на тестирање.

” Слична е и судбината со радарот. Имено, радарот првпат договорот е потпишан во 2022-рата година, но до 2024-тата година нема никакви активности. Во 2025-тата година новото раководство на М-НАВ започна со активности — градежни активности и сите потребни останати активности — за целосна инсталација на новиот радар. Новиот радар веќе е на контролната кула и во моментов се вршат потребните тестирања. Во текот на септември или октомври месец ќе биде целосно ставен во функција, со што македонското небо ќе има највисок систем на контрола и највисок систем на безбедност. Со воведувањето на овие два системи — ATM системот и новиот радар — целосно го покриваме македонското небо на највисоко ниво што во моментот во светот може да се најде на контрола на безбедност” истакна Николоски.

Можете да прочитате

Пет македонски семејства евакуирани од пожарите во Грција

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски: Службени тајни завршиле во ВМРО-ОКГ 

ВЛЕН: Каква врска има Груби со најавите на Ахмети за повлекување?