Утрински Весник
Македонија

Николоски најавува нови евтини авиолинии од Скопскиот и Охридскиот аеродром

Img 0987.jpeg

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски најавува нови евтини авиолинии од Скопскиот и од Охридскиот аеродром. Во видео обраќање, Николоски информира дека е формирана работна група која ќе ги испитува можностите за зголемување на бројот на летови од двата аеродрома.

Новите летови, според Николоски, ќе го зголемат бројот на туристи и ќе им овозможат на македонските граѓани да патуваат поевтино.

– Формиравме работна група која ќе ги испитува сите можности за зголемување на бројот на летови од Скопскиот и од Охридскот аеродром. Нашата цел е веќе од следната година да има нови дестинации како би добиле многу повеќе туристи, а и македонските граѓани полесно и поевтино да патуваат надвор. Ќе разговараме со неколку светски компании кои нудат брзи и евтини летови и сум убеден дека веќе следната година ќе имаме многу повеќе летови, повеќе задоволни патници, повеќе туристи, а секако и граѓаните на Македонија поевтино да патуваат, вели Николоски.

Можете да прочитате

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

Томас Вајц под закани поради извештајот за Македонија

За 14 години, Македонија изгубила 11,4 отсто од населението, тврди Евростат