Утрински Весник
Македонија

Николоски: Има голем интерес од авиокомпании за воведување на нови дестинации, ќе ги избереме најдобрите

Aleksandar Nikoloski 2.jpg

Имаме голем интерес од авиокомпании кои се заинтересирани да воведат нови дестинации од домашните аеродроми согласно јавниот повик што го објавивме, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во гостувањето на ТВ Алфа.

Тој најави дека по завршување на јавниот повик на почетокот на месец Октомври, ќе се изберат најдобрите компании кои ќе понудат нови атрактивни дестинации, а со тоа диреткно ќе се влијае врз зголемување и подобрување на авиосообраќајот во земјава.

“Има голем интерес и ќе ги избереме најдобрите. Тоа што ќе потврдам е дека новите дестинации ќе се воведат со летниот ред на летање бидејќи авиокомпаниите ги планираат летовите една година однапред. Го избравме овој начин бидејќи сакаме да донесеме нови патници во земјава, а не граѓаните да си одат од земјава. Избравме финансиска поддршка, како еден од приоритетите на Владата бидејќи после короната имаме континуиран пад на бројот на патници и ова е начин како авиосообраќајот да го подобриме и да овозможиме  прифатливи услови за патување”- истакна министерот Николоски.

Тој додаде дека значително се зголемува цената за финансиска поддршка и тоа од Скопје од претходните 7 евра се зголемуваат на 9 евра по патник, а од Охрид од претходните 4,5 евра се зголемуваат на 12 евра по патник, што е услов за зголемување на турзимот во охридско-струшкиот регион, додаде министерот Николоски.

Јавниот повик за финаниска поддршка беше објавен овој месец и трае се до 4 октомври. Финансиската поддршка е зголемена на 360 милиони денари за период 2025-2027 година, а се очекува да се привлечат преку 200 илјади нови туристи.

Можете да прочитате

Ужасно претепување во Скопје: Малолетник прободен од група малолетници, итно однесен во болница

Вечерва нов грабеж на обложувалница во Скопје

Сиљановска излажа или кабинетот ниту ја информира ниту ја подготвува? Јавно кажа дека не ја слушнала изјавата на Мицкоски за скандалот со знамето