Утрински Весник
Спорт

Никола Јокиќ блескаше во триумфот на Денвер против Хјустон

Никола Јокиќ блескаше во триумфот на Денвер против Хјустон

Денвер Нагетс ги победија Хјустон Рокетс со 129:113, додека Оклахома Сити Тандер беа поразени од Њу Орлеанс Пеликанс со 105:101 во синоќешните дуели од НБА лигата. Двократниот МВП играч Никола Јокиќ имаше уште една одлична партија и учествуваше во победата на Денвер над Хјустон со 32 поени, 12 скока и 8 асистенции. Ова е третпат во последните четири натпревари српскиот центар да постигнува повеќе од 30 поени.

dobivaj vesti na viber



Џамал ​​Мареј додаде 31 поен за тимот на Денвер.

Денвер е втор во западната конференција со 13 победи и седум порази, додека Хјустон е на последното 15. место со пет победи од 20 натпревари.

Клучната тројка за Њу Орлеанс на 44 секунди до крајот ја постигна Зион Вилијамсон, за кого ова беше 100. меч во НБА лигата.

Вилијамсон беше најефикасен кај Њу Орлеанс со 23 поени, по осум скока и асистенции, а Треј Марфи постигна 20 поени, со шест скока, На другата страна Шеј Гилгес-Александер постигна 31 поен, со шест скока, а Лугенц Дорт додаде 14 поени-

На останатите натпревари се постигнати следниве резултати: Филаделфија – Атланта 104:101, Вашингтон – Минесота 142:127, Бостон – Шарлот 140:105, Бруклин – Меџик 109:102, Торонто – Кливленд 100:88, Њу Орлеанс – Оклахома 105:101, Јута – Чикаго 107:114, Сакраменто – Феникс 117:122, Лос Анџелес Лејкерс – Индијана 115:116.

Можете да прочитате

Зидан и Баерн се пред крај со преговорите за отпочнување на четиригодишна соработка

Над три милиони луѓе во салите ги следеа натпреварите од регуларниот дел од Евролигата

Италија го обезбеди петтото место во Лигата на шампионите