Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Никола Димитров нападнат додека пазарел

Img 6535.jpeg
300x250 opst2

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во својот најнов статус на Фејсбук сподели непријатна случка со агресивен напад од непознат човек, кој според него најверојатно бил политички мотивиран. Димитров истакна дека, иако како јавна личност е свесен за критиката, не може да толерира кога таа ескалира во агресија и закани, додавајќи дека инцидентот го пријавил во полиција.

Димитров предупреди на растечкото насилство и нетолеранција во македонското општество, кои, според него, произлегуваат од атмосфера на неказнивост и агресија поттикната од партиите, медиумите и ботовите. Го изрази своето загрижување за секојдневните случаи на физичко и вербално насилство, потсетувајќи дека без одговорност и ред сите граѓани се жртви на овој проблем.

„Мора да сме и подобри и позрели од ова, инаку сите ќе се удавиме во примитивизам“, напиша Димитров, повикувајќи на итни мерки за справување со насилството и нарушените вредности во македонското општество.

Можете да прочитате

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

Скандал на изборите: Во Недела ќе гласаме за починати лица

Сообраќајка на патот Страцин-Кратово, возилата се движат наизменично по една лента