Утрински Весник
Македонија

Next door на Алмодовар доби Златен лав на фестивалот во Венеција

1708002705 whatsapp image 2023 01 22 at 23.22.13.jpeg

Филмот Next Door го освои Златниот Лав на филмскиот фестивал во Венеција. Ова е првиот филм на шпанскиот режисер Педро Алмодовар на англиски јазик кој се занимава со тешки теми како евтаназија и климатските промени.

Филмот доби 18-минутни овации кога претходно неделава беше премиерно прикажан во Венеција, едни од најдолгите во последно време.

Алмодовар (74) ја доби наградата за животно дело во Венеција во 2019 година.

Втората награда – Сребрен Лав, и беше доделена на италијанската режисерка Маура Делперо за драмата сместена во италијанските Алпи за време на Втората светска војна – „Вермиљо“.

Никол Кидман ја доби наградата за најдобра актерка за филмот „Babygirl“. Таа не присуствуваше на церемонијата поради ненадејната смрт на нејзината мајка.

Францускиот актер Венсан Лендон беше прогласен за најдобар актер за улогата во „The Quiet Son“, филм кој се занимава со семејство уништено од радикализам на крајната десница.

Можете да прочитате

Нема Новогодишна кошница, таквите мерки имале само привремен ефект, смета Мицкоски

Спасовски со реакција за кривичната: МВРО-ВМРО се враќа на сцена секогаш кога треба да се дефокусира јавноста

Аеродром добива современ културен и социјален центар – Мицкоски, Митески и Љутков во увид на градежните активности