Утрински Весник
Македонија

Невремето ги парализира улиците во Битола – битолчани се жалат за затнатите шахти, свикан кризниот штаб

Невремето ги парализира улиците во Битола – битолчани се жалат за затнатите шахти, свикан кризниот штаб

Силно невреме попладнево ја зафати Битола.

dobivaj vesti na viber

Дел од улиците се под вода, а граѓаните пријавуваат штети.

„’Сите шахти се затнати, ѓубрето ни влезе во дворовите’,’Веднаш да си го смениш директорот на Нискоградба. Една шахта не е исчистена. Одговорност мора веднаш да има’“, се жалат битолчани во пораки упатени до градоначалникот Тони Коњановски и споделуваат фотографии.

Градоначалникот за денес во 18:00 часот свика општински кризен штаб.

„Општина Битола ќе ги стави на располагање сите расположливи ресури и сум во постојана координација и комуникација со надлежните институции се со цел санирање на последиците од интензивните врнежи на дожд“, рече Коњановски.

Според информациите од Центарот за управување со кризи, невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град имало и во Струмица, Валандово, Дојран, Богданци, Крива Паланка, Кочани и Штип.

(Фото: Бабам Битола)

Можете да прочитате

За неколку часа казнети 189 пешаци

Голема полициска акција синоќа, претреси и апсења за економски криминал

Кога конкурентите работат за иста цел: ОИЛТЕК повторно над националните цели