Утрински Весник
Македонија

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Нови обилни дождови, силен ветер и грмежи

Meteoalarm.mk 5.png

Денес (Петок 21 Ноември) целата територијата на нашата Република Македонија ќе се наоѓа во жолта предупредувачка фаза поради очекуваните обилни врнежи од дожд и силниот ветер од јужен правец кој повремено ќе достигнува брзина од над 60 км/час. Локално за 24 часа повторно ќе наврне големо количество на воден талог и тоа над 30 литри дожд. Локално овие процеси ќе бидат застапени во форма на невреме.

Токму поради ваквата состојба апелирам возачите да внимаваат како управуваат со своите возила и да не се движат покрај водотеците. Можни се и нови поплавувања понатаму поради очекуваните нови обилни врнежи од дожд.

Сето ова е поради влијанието на циклонската активност од Џенова која условува да имаме серија на големи влажни воздушни бранови.

Можете да прочитате

Судењето за пожарот во „Пулс“ продолжува со нови материјални докази

Скопјанец во Крива Паланка се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра

Заврши меѓународната конференција „Дијалог за единство и мир 2026″ под покровителство на поранешниот Претседател Иванов