Поплавени куќи, паднати дрвја и помали одрони предизвика невремето што го зафати подрачјето на општина Гостивар во селото Беловиште.
Според информациите, поплавени се неколку куќи и патот во селото.
„На главниот селски пат има излевање на водата која надоаѓа од планината и со неа носи кал и гранки. Вода сеуште надоаѓа, а во понискиот дел од селото водата се задржува и оди во дворовите и куќите“, велат од ЦУК.
На селскиот пат што води до ресторанот Дабов лад, има повеќе, но помали одрони на земја, а на патот има паднати дрва. Жителите работат на отстранување на наносите од земја и дрвја.
Поплавена е улица Бањешница, општина Гостивар и има излевање на водата по патот од каналот кој не е исчистен. Од ЈКП Комуналец од Гостивар е пратен багер за да го исчисти каналот за да се повлече водата по течението на каналот. После санација на каналот багерот и екипи на ЈКП Комуналец ќе продолжат во санација на штета во с.Беловиште.
Во населбата Циглана од шумата надоаѓа вода со кал и е влезена во двор на една куќа.
ЈКП Комуналец од Гостивар со 2 багери и 1 пумпа за испумпување на вода и 12 пожарникари со 2 ПП воизла во период од 15:40 до 16:35 часот, интервенирале во Градаска Болница-Гостивар, каде е решен проблемот со канализација. Истите екипи во моментот интервенираат на ул.Бањишница и се очекува во краток временски период последиците од дождот да бидат санирани. Откако екипите ќе завршат ќе бидат упатени кон с.Беловиште за да интервенираат на расчистување на калта и испумпување на вода во зависност од состојбата на теренот. Екипите интервенираат по приоритет.
Фото: Гостиварпрес.мк