Утрински Весник
Македонија

Невреме, силни грмежи, а од викендот и значително поладно во Македонија!

Meteoalarm.mk 16 3.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на фронтална долина со поладен воздух, во нашата Република Македонија и во следните денови ќе имаме многу променливо и нестабилно време со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер во зоната на нестабилност.


Локално пак ќе има појава на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, кој може да услови локални поројни поплавувања, силен ветер, електрични празнења  и со појава на град. Апелирам, во случај на појава на невреме и на електрични празнења, да се избегува претстој на отворен простор  и под осамени дрвја.

Исто така, во случај на појава на силен ветер, граѓаните да ги заштитат своите автомобили, односно да не ги ставаат во близина на дрвјата, особено на оние постарите и поосамени дрвја.

И во Скопскиот регион останува променливото и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер  и со услови за појава на невреме.

Што се однесува до температурите, останува релативно топло до петок, а од викендот ни доаѓа значително поладен воздух од север  и од североисток и позначително ќе ги спушти температурите, а сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец. На високите планини не се исклучува можноста  и за појава на снег.

На следниот линк можете да ја следите алатката за рано предупредување од невреме НОТАС, и истата е од голема корист за секој граѓанин https://nothas.finki.ukim.mk/

Можете да прочитате

Арената „Тоше Проески“ се најде на листата меѓу топ 10 стадиони на Балканот

Првата линија од „Градски воз” можно е да профункционира до крајот на годинава

Таравари: Распишувањето на предвремени избори зависи од ВМРО-ДПМНЕ