Утрински Весник
Магазин

Неверојатната Тејлор Свифт испиша историја: таа е првaта музичарка којa четири пати освоила Греми

Tejlor Svift Gremi.jpg

На 66-тото доделување на Греми наградите, пејачката Тејлор Свифт влезе во историјата бидејќи стана првата изведувачка која четири пати ја освоила наградата Греми за албум на годината со „Midnights“.

Мајли Сајрус ја освои наградата за плоча на годината за „Flowers“, Били Ајлиш ја освои наградата – песна на годината за „What Was I Made For?“, а R&B пејачката и текстописец Викторија Мона ја освои наградата за најдобар нов изведувач.

https://www.youtube.com/watch?v=gzlpHYXIzdY

SZA Featuring Phoebe Bridgers – „Ghost in the Machine“ е прогласена за најдобро поп дуо или група. Терон Томас е прогласен за текстописец на годината, а најдобар рап албум е „Мајкл“ од Килер Мајк.

Тој ја доби и наградата за најдобра рап изведба на годината, додека најдобар кантри албум беше „Bell Bottom Country“ – Лејни Вилсон.

Што се однесува до рок албумот, „This is Why“ – Paramore е прогласен за најдобар, а за најдобра рок изведба е песната „Not strong enough“ – Boygenius.

Еве ги сите победници:

Албум на годината – Тејлор Свифт – „Midnights“

Плоча на годината – Мајли Сајрус – „Flowers“

Песна на годината – Били Ајлиш – “What Was I Made For?”

Најдобар нов изведувач – Викторија Моне

Најдобар поп албум – Тејлор Свифт – „Midnights“

Најдобра поп соло изведба – Мајли Сајрус – „Flowers“

Најдобар рок албум – Paramore – „This Is Why“

Најдобар рап албум – Killer Mike – „Michael“

Најдобра рап изведба – Killer Mike ft. Андре 3000 – „Scientists & Engineers“

Најдобра рок изведба – Boygenius – „Not Strong Enough“

Најдобар кантри албум – Лејни Вилсон – „Bell Bottom Country“

Најдобра кантри соло изведба – Крис Стејплтон – „White Horse“

Најдобра поп-дуо/групна изведба – SZA со Фиби Бриџерс – „Ghost in the Machine“

Најдобра R&B изведба – Коко Џонс – „International Medical Aid“

Најдобар албум, алтернативна музика – Boygenius – „The Record“

Најдобра изведба, африканска музика – Тајла – „Water“

Најдобра песна или саундтрак за визуелни медиуми (вклучува филм и телевизија) – „Oppenheimer“, ЛудВиг Џорансон, композитор

Текстописец на годината, некласичен – Терон Томас

Најдобар албум, алтернативна музика – Boygenius – „The Record“

Најдобра изведба, африканска музика – Тајла – „„Water“

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста