Утрински Весник
Свет

Нетанјаху закрепнува по труењето со храна, соопшти неговиот кабинет

Netanjahu1.jpg

 Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се опоравува по труењето со храна, соопшти денеска неговиот кабинет, додавајќи дека тој ќе продолжи да ги извршува своите должности од дома во следните три дена.

Седумдесет и петгодишниот премиер се чувствувал лошо синоќа, а лекарите дијагностицирале воспаление на цревата и дехидрација.


Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека му била дадена инфузија.

„Согласно укажувањата од докторите, премиерот ќе одмара дома во следните три дена и оттаму ќе ги извршува државните работи“, соопшти кабинетот.

На Нетанјаху во 2023 година му е поставен пејсмејкер, а во декември му е отстранета простатата поради инфекција на уринарниот тракт. 

Можете да прочитате

Полска сака да прими на своја територија 15.000 американски војници

Иран само во септември заработил повеќе од три милијарди долари од извоз на нафта, најмногу во последните две години

ИРГЦ: Ќе ја промениме „географијата на војната“ ако САД повторно нападнат