Утрински Весник
Свет
Img 7972

Нетанјаху најави „уште поболни напади против Хамас“

Picture 953 660x411 1.jpg
Img 7972

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска во видео обраќање во пресрет на еврејскиот празник Пасха, кој почнува утревечер, изјави дека Израел „наскоро ќе изврши уште поболни напади“ против исламистичката палестинска група „Хамас“ во Појасот Газа, јави ДПА.

Тој истакна дека Хамас неодамна зазел поцврст став за можниот договор за прекин на огнот во енклавата и ослободување на израелските заложници.

– Наместо да отстапи од своите радикални позиции, Хамас сега ја користи поделеноста меѓу нас, охрабрен од притисокот врз израелската влада.

Во наредните денови ќе го зголемиме воениот и дипломатскиот притисок врз Хамас, бидејќи само така ќе ги ослободиме заложниците и ќе ја постигнеме нашата победа, рече Нетанјаху.

Израелските власти веќе подолг период најавуваат дека се подготвува копнена операција во градот Рафа, на границата на Појасот Газа со Египет, со образложение дека таму се кријат борци на Хамас.

Можете да прочитате

Трамп: Средба во Будимпешта само со САД и Русија, но ќе бидеме во контакт со Украина

ЕУ: Сведоците на насилство врз жените имаат витална улога во неговото спречување

МКС очекува апсење на Путин на пат кон Унгарија