Утрински Весник
Свет

Нетанјаху: Израел има две цели во Иран

Glhwn Netanjahu6 1 .jpg

Израел во Иран има две цел: отстранување на нуклеарната закана и отстранување на ракетната закана, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху при посетата на базата Тел Ноф.

Тој им порача на жителите на Техеран да заминат од градот.


Израел ја користи истата тактика како и во Појасот Газа, ги повикува цивилите да се евакуираат пред нападите врз станбените области.

Претходно, претседателот на Израел, Исак Херцог, од градот Петах Тиква, каде при иранските напади загинаа четири лица, посочи дека е време за промена на режимот во Иран.

Мислам дека на иранскиот народ му е доста и сака промени. Исто така и целиот регион – ние заслужуваме промени, посочи Херцог.

Можете да прочитате

Трамп: ЕУ има рок до 4 јули за трговскиот договор, во спротивно следуваат повисоки царини

Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин на товарен брод

Смртоносен вирус на крузер – експертите велат нема опасност од глобално ширење