Утрински Весник
Свет

Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава

677z381 Netanjahu 6554edf85e769.jpg

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека неговата Влада едногласно ја отфрлила Резолуцијата на Обединетите нации за поддршка на признавањето на палестинската држава, јавија светските агенции, повикувајќи се на соопштение на Владата.

Нема да им дозволиме да создадат држава на теророт од која ќе можат да не нападнат уште повеќе, нагласи Нетанјаху.

Никој нема да не спречи, Израел, да го искористиме нашето основно право да се заштитуваме – ниту Генералното собрание на ОН, ниту која било друга организација, додаде Нетанјаху.

Можете да прочитате

Американската војска во регионот се зголеми на 50.000 војници пред можна копнена инвазија на Иран

Трамп: Ќе ми биде драго да ја земам иранската нафта

САД планираат инвазија на специјални сили за одземање на иранскиот ураниум?