Утрински Весник
Политички Партии

„Нептун Македонија“ – Вештачка интелигенција за унапредување на своите услуги и продажбата

„Нептун Македонија“ – Вештачка интелигенција за унапредување на своите услуги и продажбата

Следењето на најсовремените трендови во продажбата и прилагодување на потребите на клиентите, е основата врз која компанијата „Нептун“ ги креира и реализира своите развојни планови. Како лидер во малопродажбата и дистрибуцијата на електроника и бела техника, „Нептун“ во секојдневното работење воведува најнапредни технолошки иновации, меѓу кои и вештачката интелигенција, со цел да ги унапреди своите услуги и во најкраток рок да ја прилагоди понудата кон современите трендови, барања и очекувања на клиентите.

dobivaj vesti na viber

Вештачката интелигенција го трансформира секој аспект на бизнисот, вклучувајќи ја и продажбата и искуството на клиентите. Затоа „Нептун“ ги користи современите технологии за да ги предвиди трендовите во малопродажбата и да ги мапира корисничките искуства, со што ќе испорача персонализирани услуги за секој клиент. Во исто време, ги детектира идните трендови во понудата на бела техника и електроника и во соработка со своите долгогодишни партнери ги обезбедува новите технологии во најбрз рок, правејќи ги достапни за своите потрошувачи кратко време по официјално претставување на новитетите на водечките светски пазари. Со помош на алатките на вештачката интелигенција, „Нептун“ ги оптимизира процесите на продажба и им помага на своите продажни тимови да работат побрзо и поефикасно.

Плановите за развој на „Нептун“ во најголема мера се поврзани со натамошното унапредување на корисничкото искуство.

– Компанијата континуирано вложува во нови технологии кои ја олеснуваат е-трговијата, како и во развој на апликации и платформи кои овозможуваат максимално уживање во пазарувањето. Покрај технолошките иновации, тимот на „Нептун“ развива и нуди бројни дополнителни услуги кои нудат додадена вредност во потрошувачкото искуство, како што се услуги за инстант-финансирање, дополнително осигурување на купените производи, различни начини на испорака прилагодени на потребите на потрошувачите и многу други бенефиции. Крајната цел е да создадеме врвно искуство за нашите клиенти преку обезбедување широк спектар на платформи и канали – истакнуваат од „Нептун“.

Од компанијата нагласуваат дека во нардениот период пред „Нептун“ постојат големи предизвици во поглед на создавање нови можности за клиентите, партнерите и соработниците, со што компанијата ќе продолжи да го следи ритамот на модерното работење.

Можете да прочитате

Митева: Денешната оставка на Ковачевски е почеток на крајот за СДС и ДУИ

Jana

СДСМ: ДПМНЕ е осамено на проруската агенда, против ЕУ и без коалициски партнери

Jana

Најголемата ИТ компанија во Македонија се ребрендира: Сеавус е сега Киншифт