Утрински Весник
Економија

Непознат напаѓач пукал на роденденска забава, убил четири лица: Ужас во Америка

Непознат напаѓач пукал на роденденска забава, убил четири лица: Ужас во Америка

Четири лица загинаа, а неколку се ранети при пукање во вечерните часови во градот Дејдвил, во американската сојузна држава Алабама, соопшти локалната полиција.

dobivaj vesti na viber

Пукањето се случило во сабота навечер во студио за танцување, најверојатно за време на роденденска забава.

Засега нема информации што довело до пукањето, ниту дали убиецот е во притвор, пренесе АП.

„Утрово тагувам со граѓаните на Дејдвил и со луѓето од Алабама. За насилниот криминал нема место во нашата држава“, рече гувернерот на Алабама Кеј Ајви.

Дејдвил се наоѓа на околу 90 километри североисточно од градот Монтгомери.

Можете да прочитате

Левица: Додека Мицкоски се фали со економски бум, граѓаните бројат ситно до крајот на месецот

Мицкоски за критиките на опозицијата за јавниот долг: СДСМ покажа непознавање за економијата, освен арамилук друго не им е во политичката матрица 

Македонија со 4,3% раст на БДП: Над европскиот просек и со намалена инфлација