Утрински Весник
Магазин

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Mace1.jpg

Француски суд донесе несекојдневна одлука сопственичка на маче по име Реми од местото Агд на југот на земјата мора да плати 1.250 евра казна бидејќи нејзиниот миленик редовно навлегувал во дворот на соседот, објави весникот Paris Match.

Жената, идентификувана само како Доминик, била изненадена кога добила писмена пресуда со образложение дека нејзиниот мачор предизвикал штета во соседниот имот. Соседот се пожалил дека мачето оставило отпечатоци од шепи на свеж малтер и дури извршило „мала нужда“ на ќебе во дворот.

Судот во Безје пресудил во корист на соседот, наредувајќи ѝ на Доминик да плати отштета и дополнителна казна од 30 евра секојпат кога Реми повторно ќе ја прескокне оградата.

Сопственичката наскоро ќе мора повторно пред суд, бидејќи се претпоставува дека Реми повторно го сторил прекршокот, што може да ѝ донесе нова казна до 2.000 евра, плус дополнителни 150 евра за повторени „скокови“.

извор: trn.mk

Можете да прочитате

Viber воведува нова функција – дали ќе ја користите?

Овој вид апликации следната година ќе бидат забранети на Андроид уредите

Кардиолозите предупредуваат: Вообичаениот додаток во исхраната може да го зголеми ризикот од срцева слабост