Утрински Весник
Свет

Ненадејна проверка на борбената готовност -Руски нуклеарни подморници испловија кон Тихиот Океан

Ненадејна проверка на борбената готовност -Руски нуклеарни подморници испловија кон Тихиот Океан

Стратешки и повеќенаменски нуклеарни подморници испловија од базата во Камчатка како дел од ненадејното тестирање на борбената готовност на Пацифичката флота.

dobivaj vesti na viber

Оваа информација ја објави руското Министерство за одбрана, пренесуваат медиумите во регионот.

Нуклеарните проектили и повеќенаменските подморници беа придружувани од миночистачи за заштита на водното подрачје на армијата и силите на североистокот на Русија.

Според написите, движењето на подморниците беше маскирано со димни завеси, а безбедноста ја обезбедуваа противдиверзантските единици.

Според одлуката на рускиот претседател Владимир Путин, на 14 април беше извршена ненадејна проверка на силите на Тихоокеанската флота.

Во проверката учествуваа авијација со долг дострел и авијација на Источниот воен округ.

Можете да прочитате

ВИДЕО Француски крадци покажуваат украдена стока на TikTok: „Газевме врз полицијата“

Катастрофални поплави во Шпанија, пороите однесоа автомобили, двајца загинати

Демонстрантите го блокираа Лувр во Париз, туристите не можат да влезат во музејот