Утрински Весник
Македонија

Ненад Марковиќ за „Реално“: Новиот парламентарен состав ќе мора да ги изгласа уставните измени, ако сака во ЕУ

Ivanovmarkovikj.jpg

Универзитетскиот професор Ненад Марковиќ, во интервју за “Реално” говори за претседателските и парламентарни избори. Каква кампања може да се очекува? Дали партиите го извадија максимумот со кандидатите за пратеници или можеа и подобро. За шпекулациите дали прва задача на новиот парламент ќе биде формирање влада или гласање на уставните измени?

Во однос на уставните измени професорот Марковиќ е убеден дека тие ќе бидат донесени, дека веднаш по изборите тоа прашање ќе се отвори и нема да може долго да се одложува.

„Уставните измени ќе поминат, да се разбереме, по мое видување туе ќе поминат на еден, друг или трет начин, со широка влада, со влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со влада предводена од СДСМ, мислам дека тие не можат да бидат долго на менито, условно кажано. Ќе има страшен притисок тие да се случат, независно од нивниот исход. Можеби низ широка коалиција би поминале полесно за сите, тоа би бил еден модалетитет преку кој сите полесно би прифатиле да ја поделат одговорноста“ смета Марковиќ, додавајќи дека во таква ситуација повотрно би имало брзи парламентарни избори.

Одговарајќи на прашање околу измена на моделот за избор на претседателот на државата, Марковиќ вели дека дебатата за тоа дали претседателот треба да се бира на директни избори или во Собранието е одамна, но жали што сега во последниот период на ова прашање му се дава меѓуетничка димензија.

„Или да се смени позицијата на претседателот кон посилна или да се бира во Собрание, тоа се два модела кои можат да се применат, но она што мене ме загрижува е што таа дебата сега се претвори во некаква меѓуетничка дебата. Таа е стара дебата, каде што има про и контра аргументи, тоа допрва треба да се разговара, меѓутоа факт е дека се претвори во некакво барање од албанските партии, што сега нели по логиката на таа игра и модел на меѓуетнички односи треба да предизвика револт кај македонските партии кои веднаш рекоа дека не го прифаќаат. И од еден проблем кој требаше да се решава во јавна сфера, се претвори повторно во меѓуетнички проблем што веројатно беше најлошиот пристап“ вели Марковиќ.

Во однос на кампањата Марковиќ не очекува поразлична кампања од претходните и смета дека повторно ќе се случува црна кампања особено на социјалните мрежи, додека пак во официјалните кампањи, политичките партии, сепак ќе треба да има и официјална позитивна кампања со цел да се претстават програмите и проектите пред граѓаните.

Целото интервју со Марковиќ погледнете го видеото.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим