Утрински Весник
Македонија

Нема кривична до обвинител дека иселеници земале плата од „Комунална“, како што тврдеа Арсовска и Мазнева

Нема кривична до обвинител дека иселеници земале плата од „Комунална“, како што тврдеа Арсовска и Мазнева

Нема кривична пријава дека во „Комунална хигиена“ се исплаќале пари на лица кои биде трајно преселени во Германија. Скопското Обвинителство посочува дека пријавите од Косана Мазнева биле само за случувањата со бојкотот во претпријатието и несобирањето на смет. Оттаму ја повикуваат Мазнева, доколку воочила незаконитости, да ги пријави.

dobivaj vesti na viber

„До овој момент, до Основното јавно обвинителство Скопје не е доставена пријава со таква конкретна содржина. Доставени се неколку пријави поврзани со случувањата во наведеното јавно претпријатие и наводите веќе се проверуваат. Јавното обвинителство ги поттикнува институциите надлежни за откривање на кривични дела да извршат проверки и да достават соодветни поднесоци за сите кривични дела што притоа ќе ги откријат. Исто така, и самите претпријатија, доколку констатирале незаконитости во работењето се должни тоа да го пријават до надлежните органи“, одговорија од Обвинителството на прашањето дали има пријава за лицата кои се иселени, а земале плата од претпријатието.

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, бранејќи ја директорката Косана Мазнева, рече дека некои од комуналците, кои останале без работа откако Косана Мазнева е директорка на ЈП „Комунална хигиена“, со години се иселени од Македонија, но сè уште секој месец добивале плати од претпријатието.

Вакви тврдења изнесе и директорката Мазнева, која тврдеше дека се поднесени соодветни пријави во надлежните институции.

Можете да прочитате

Османи: Мултилатерализмот останува единствениот начин да се мобилизира колективен одговор кон војни, кризи, вонредни ситуации…

Георгиадис: Доколку се прекршува Преспанскиот договор Мицотакис ќе го поништи

Првата група студенти го заврши првиот циклус по македонски јазик на Факултетот за странски јазици во Тирана