Утрински Весник
Македонија

Неизвесна трка во Куманово: Димитриевски со мала предност пред Стојковски

Img 0437.jpeg

Вториот круг од локалните избори во Куманово донесе тесна и неизвесна трка меѓу актуелниот градоначалник и лидер на партијата ЗНАМ, Максим Димитриевски, и независниот кандидат Горан Стојковски – Диро.

Според најновите податоци од обработени 145 од вкупно 167 избирачки места, Димитриевски има освоено 14.416 гласа, додека Стојковски е веднаш зад него со 12.759 гласа.

Разликата од нешто повеќе од 1.600 гласа остава отворена можност за пресврт до крајот на пребројувањето, што ја прави изборната трка во Куманово една од највозбудливите во вториот круг.

Останува да се обработат уште 22 избирачки места, кои ќе го одредат конечниот победник во оваа општина

Можете да прочитате

НАТО Самит во Анкара: Сојузниците се обединети во нивната основна цел – заштита на секоја педа НАТО територија

Завршни зборови за предметот против Димитровска, пресудата на 14 јули

Најдобриот пензиски систем не е оној што ветува најмногу