Утрински Весник
Свет

Неидентификуван предмет паднал и експлодирал во Полска, оштетени блиските куќи

Wqd.png

Неидентификуван предмет паднал преку ноќ во поле со пченка во близина на градот Осина во Полска и експлодирал, а полицијата на местото на настанот пронашла јагленисани метални и пластични остатоци.

Во инцидентот нема повредени, а прозорците на три блиски куќи биле скршени во експлозијата, пренесува ПАП.


„Во полето со пченка пронајдовме изгорени парчиња со различна големина расфрлани во радиус од неколку десетици метри. Станува збор за изгорени метални и пластични фрагменти“, објави полската полиција.

Можете да прочитате

Драма на бродот „Амбишн“: Десетици патници заболени, еден британски турист почина

Германскиот автомобилски сектор ќе изгуби 225.000 работни места

Украински напад врз руски нафтен терминал