Утрински Весник
Македонија

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Meteoalarm.mk 44.jpg

Метео анализа на Славчо Попоски:

Во текот на оваа работна седмица, односно до четврток во Македонија времето ќе биде стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови по котлините ќе има појава на магла  и на ниска облачност.

И во Скопскиот регион до четврток времето ќе биде стабилно, суво, сончево и со појава на мала до умерена локална облачност. Во утринските часови ќе има појава на магла и на ниска облачност.

Што се однесува до температурите, наутро ќе биде студено, но утринските температури ќе бележат тенденција на пораст  и нема да биде толку многу студено како вчерашното и денешното утро, и температурите наутро од средината на оваа седмица на повеќе места ќе се спуштаат до околу, или за неколку степени над нулата. Под нулата ќе се спуштаат само на високите места и на планините.

Максималните дневни температури пак исто така ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени.

Под влијание на нов влажен воздушен бран од запад, од петок попладне  и навечер од западните предели од државава ќе започнуваат врнежи од дожд, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во исто време, регионот ќе го зафаќа нов снежен бран, па така на повеќе места ќе има нови врнежи од снег, како и формирање на нова снежна покривка, на планините и позначителна.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Сите 9 судии на Уставен се избрани од 2018 до февруари 2024, кога во судството жареше и палеше ДУИ и СДС

Ѓорѓиевски: Голем интерес за мерката за ослободување од комуналии за младите

Ѓорѓиевски: Доколку ме кандидира партијата, ќе го прифатам предизвикот да ги решам проблемите на Скопје