Утрински Весник
Магазин

Неделен хороскоп 30.09.2024 до 06.10.2024

Horoskop.jpeg

Овен (21.03 – 20.04)

РАБОТА: Немојте да се грижите кога станува збор за работата, конфузијата која во моментот е присутна ќе се реши.

ЉУБОВ: На полето за љубов ќе се случат некои мали недоразбирања со партнерот но ништо сериозно.

ЗДРАВЈЕ: Водете сметка за урогениталниот тракт, мочниот меур, бубрезите и мочните патишта.

Бик (21.04 – 21.05)

РАБОТА: Можете да очекувате дека во текот на овој период најмногу ќе се занимавате со документи, папирологија и некои формални прашања.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта слободните можат да очекуваат многу интересно ново познанство.

ЗДРАВЈЕ: Можни мали проблеми со синусите, белите дробови, дишните патишта.

Близнаци (22.05 – 22.06)

РАБОТА: Ве очекува значително напредување на полето за финансии, можете да се надевате на многу позитивна ситуација.

ЉУБОВ: На љубовен план ќе имате интересни случувања со личноста која ви се допаѓа.

ЗДРАВЈЕ: Чувствително грло.

Рак (22.06 – 22.07)

РАБОТА: Пред вас е период во кој ќе имате многу деловни обврски пред себе. Посветете и се максимално на работата.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта можете да очекувате убави моменти со саканото лице и мирна ситуација.

ЗДРАВЈЕ: Можна главоболка и забоболка.

Лав (23.07 – 22.08)

РАБОТА: Оваа недела нема да ви биде комплетно сјајна за работа, можни се нејаснотии и компликации.

ЉУБОВ: Иако се трудите да го поправите односот со саканото лице, едноставно не ви оди.

ЗДРАВЈЕ: Имунитетот ви е ослабен и генерално сте многу чувствителни.

Девица (23.08 – 22.09)

РАБОТА: Можно е да се разочарате од некој од вашите соработници во наредниот период. Не ставајте се при срце.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, можете да очекувате флерт со личност која ќе ја запознаете преку пријател.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми со нервниот систем, ќе бидете чувствителни.

Вага (23.09 – 22.10)

РАБОТА: Можете да очекувате некои промени на вашето работно место во наредниов период.

ЉУБОВ: На полето за љубов не би требало да очекувате никакви компликации и проблеми.

ЗДРАВЈЕ: Можна вкочанетост во грбот.

Шкорпија (23.10 – 21.11)

РАБОТА: Доколку се занимавате со приватна работа, можни се некои промени и напорно темпо.

ЉУБОВ: На љубовното поле можете да очекувате зближување и подобри односи со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можни проблеми поврзани со стомакот.

Стрелец (22.11 – 21.12)

РАБОТА: До вас доаѓаат нови информации, а и финансиите можат значително да ви се подобрат.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува стабилна ситуација и добра комуникација со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Одлично.

Јарец (22.12 – 20.01)

РАБОТА: Можно е самите на себе на некој начин да сте си створиле притисок околу работата, без претерана потреба од тоа.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта ве очекуваат многу интересни и нови случувања.

ЗДРАВЈЕ: Можен проблем со хормоните.

Водолија (21.01 – 19.02)

РАБОТА: Ви делува дека некои планови кои ги имате не се баш лесно остварливи. Сепак важно е да се трудите.

ЉУБОВ: На полето за љубов ве очекува вообичаена ситуација со саканото лице.

ЗДРАВЈЕ: Можни вируси, инфекции, воспаленија и бактерии.

Риби (20.02 – 20.03)

РАБОТА: Можно е факторот среќа овој пат да оди против вас, па немојте да ризикувате во било која смисла.

ЉУБОВ: Кога станува збор за љубовта, потребно ви е нешто ново, а наскоро ќе дојде и тоа.

ЗДРАВЈЕ: Можни се силни главоболки.

Можете да прочитате

Розов шум“ може да го влоши сонот, особено кај децата

Домот ви мириса непријатно? Овие навики можеби се виновни

Месечината во Девица носи длабока љубов: Три знаци се особено среќни