Утрински Весник
Македонија

„Не ти е срам да се пишиш Бугарин“-Истрага против охриѓанец за случајот со претепаниот Пендиков

„Не ти е срам да се пишиш Бугарин“-Истрага против охриѓанец за  случајот со претепаниот Пендиков
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Основното јавно обвинителство Охрид донесе наредба за спроведување истражна постапка против 24-годишен охриѓанец, осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда според член 131 став 3 во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопштија од оваа институција.

dobivaj vesti na viber

„Осомничениот, на 19 јануари, во кафе бар во Охрид, пристапил до маса на која седело едно лице, го удрил по главата, упатувајќи му ги зборовите – „не ти е срам да се пишиш Бугарин“ и се оддалечил.

Неколку часа подоцна, кога оштетениот излегол од кафе барот и се движел кон неговото возило, осомничениот заедно со уште две други непознати лица го пресретнале и го нападнале, удирајќи го по главата и телото и нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот“, се наведува во официјалното соопштение.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Охрид достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе