Утрински Весник
Македонија

Не се донесе Законот за игри на среќа

Sobranie.jpg

Законот за игри на среќа и забавни игри во трето читање на вчерашното попладневно продолжение на 145. седница не го доби потребното мнозинство од 61 глас и постапката за овој закон завршува, појаснуваат денеска од Собранието. 

-Имајќи ја предвид Одлуката од Уставниот суд У.бр. 115/2019 од 14.05.2020 година, според која за да биде усвоен Законот потребни се најмалку 61 глас „ЗА“, при одлучувањето за Законот за игри на среќа и забавни игри, на 145. седница, Законот доби поддршка од 51 глас „ЗА“, со што не се исполнети условите за Законот да биде усвоен и со тоа завршува процедурата по тој Закон, посочуваат од Кабинетот на претседателот на Собранието.

Како што наведуваат од Кабинетот на Митрески, „констатацијата од страна на претседателот на Собранието при одлучувањето за Законот игри на среќа и забавни игри се однесуваше на мнозинството што е потребно за донесување на овој Закон во редовна постапка“.

Законот за игри на среќа и забавни игри беше донесен од страна на Собранието, но претседателот на државата Стево Пендаровски не го потиша указот за него и тој беше вратен пред пратениците во трето читање. 

Можете да прочитате

ВЛЕН: Достоинствената работа заслужува праведна плата и достоинствени услови

Муцунски на IDU Форумот во Загреб: „Европа мора да направи исчекор кон проширување”

Први и втори мај променливо и ладно време, локален дожд и планински снег