Утрински Весник
Македонија

„Не биди соучесник – пријави обид за корупција“: Кампања за спречување корупција на Агенцијата за катастар на недвижности

20241015084824 Big 730x400 86.webp.webp

Преку превентивната кампања „Не биди соучесник – пријави обид за корупција“, Агенцијата за катастар на недвижности ќе работи на подигнување на свеста за спречување корупција во институцијата.

„Корупцијата во државните институции претставува сериозна закана за нивниот интегритет и го поткопува јавниот интерес. Таа создава атмосфера на недоверба, нееднаквост и неправда, кои негативно влијаат врз институциите. Затоа, потребно е секој поединец да преземе одговорност и да пријави каква било форма на корупција, со што ќе придонесе кон изградба на поефикасна и транспарентна администрација. Апелирам и ги охрабрувам граѓаните, доколку се соочат со каква било форма на корупција, истото веднаш да го пријават“, изјави Иван Живковски, директор на Агенцијата за катастар на недвижности.

Кампањата има за цел да ја подигне јавната свест за пријавување случаи на корупција и eвентуална злоупотреба на службената положба од страна на вработените во Агенцијата за катастар на недвижности. Таа ќе се спроведува во сите подрачни одделенија низ државата, а во следниот период ќе се реализираат и едукативни активности на оваа тема.

Секој сомнеж или конкретен случај на корупција граѓаните можат да го пријават на електронската адреса: prijavikorupcija@katastar.gov.mk или на телефонскиот број 070/288-300. Напоменуваме дека пријавите се анонимни.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите