НБА ѕвездата и играч на Шарлот Хорнетс, Мајлс Бриџис, брутално ја претепа својата сопруга Мишел Вилијамс. Овој 24-годишен кошаркар бил уапсен во Лос Анџелес поради напад на жена, а подоцна се испоставило дека ја претепал сопствената сопруга. Тој се појави во судот со кој се спогоди и избегна затворска казна.
Најсериозната казна што му се закануваше беше дури 12 години затвор, но Бриџис постигна спогодба од само три години условно, што секако значи дека нема да помине ниту еден ден во затвор. Тој се обврза да исполни и почитува уште неколку обврски пропишани со спогодбата.
Претепаната Мишел Вилијамс на социјалните мрежи ги покажа повредите со кои се здоби откако Бриџис ја претепа.
„Жал ми е што дојде до ова, но не можам повеќе да молчам. Дозволив некој да ми го уништи домот, да ме понижува на секој можен начин и да ги трауматизира нашите деца. Нема веќе да дозволам такво нешто, а ниту тишината на луѓето околу него кои го штитат“, напишала Мишел. „Моите деца заслужуваат подобро. Не сакам никому да му се повтори ова. Тој го направи тоа пред децата кои се преплашени. Јас само сакам мир”.
Таа беше тешко повредена во бруталниот напад. Скршени и се носот и зглобот на раката, дупнато и е ушното тапанче, а има и низа други повреди.
За време на траењето на условната казна, Мајлс Бриџис ќе мора да исполни следните услови:
– 52 недели советување за семејно насилство
– 52 недели курс за родителство
– 100 часа добротворна работа
– секоја недела да прави тест за дрога
– да плати 800 долари казни, 500 долари за семејно насилство и 300 долари за реституција
– не смее да поседува оружје или муниција
– мора да се придржува на забраната за приближување до неговата сопруга 10 години