Утрински Весник
Економија

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорката Улман потпишаа Меморандум за соработка за јакнење на макроекономското проектирање

Гувернерката Ангеловска-Бежоска и амбасадорката Улман потпишаа Меморандум за соработка за јакнење на макроекономското проектирање
Screenshot

Зајакнувањето на капацитетите и унапредувањето на алатките за макроекономска анализа и проектирање во Народната банка ќе се остварува преку соработка и размена на искуства со експертски тим на Државниот секретаријат за економски прашања (СЕЦО).

Pet Utrinski

dobivaj vesti na viber

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и амбасадорката на Швајцарија во земјава, Вероник Улман, од името на СЕЦО, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се предвидуваат повеќе активности во областа на проектирањето и координацијата на макроекономската политика, преку спроведување на Проектот за макроекономско проектирање и управување.

Screenshot

Амбасадорката Улман искажа поддршка за продлабочувањето на соработката со централната банка и истакна дека Народната банка е и ќе биде пример за кредибилна и независна институција во земјава.

Гувернерката на Народната банка истакна дека јакнењето на аналитичките капацитети на централната банка е од клучно значење, бидејќи кредибилните макроекономски анализи и проекции се основа за носење соодветни економски политики.

Ангеловска-Бежоска ја посочи важноста на овој проект, особено во контекст на тековната криза и во услови на висока неизвесност, кога квалитетните макроекономски проекции играат значајна улога во следните активности на економските чинители. Ова е исклучително важно кај монетарната политика, каде што формирањето на очекувањата е суштинско за идните движења.

Таа истакна дека централната банка ќе продолжи со постојано надградување и јакнење на аналитичките способности.

Потпишувањето на Меморандумот се одржа во Министерството за финансии, во присуство на министерот за финансии, Фатмир Бесими кој исто така потпиша Меморандум.

Можете да прочитате

Доделени наградите за најуспешни жени менаџерки за 2024 година

Избор на најуспешни жени менаџерки од земјава и регионот  

Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на НБ клучни за одржувањето на макроекономската стабилност