Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Наутро студено, во текот на денот сончево со мала до умерена облачност

20220823 Nevidenite Goreshtini Go Predizvikaa Fenomenot Lazhna Esen M.jpg
Img 7972

Наутро времето ќе биде студено со услови за слаба магла по котлините. Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.

Во Скопје утрото студено со услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност и тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 17 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево време со мала до умерена облачност.

-Утрата ќе бидат студени со минимални температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нула степени. По котлините ќе има појава на магла или ниска облачност, која по одделни котлини ќе се задржи и во текот на денот, информира Управата за хидрометеоролошки работи. 

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени