Утрински Весник
Култура
300x250 opst2

Научен собир за македонските писатели кои создаваат во странство

Научен собир за македонските писатели кои создаваат во странство
Dik 300x250 mk

Во организација на Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност од Скопје, се одржа научен собир на тема Книжевното творештво на македонските автори во дијаспората – компарации, насоки и препораки.

dobivaj vesti na viber

На собирот зедоа голем број учесници од земјава и странство (Австралија, Италија, Србија, Хрватска, Шведска, Црна Гора и други земји), кои заклучија дека поделбата на писатели од татковината и во странство е вештачка и непотребна, зашто речиси сите тие пишуваат на мајчиниот јазик и нема некои посебни и поголеми разлики меѓу нив.

Исто така, учесниците на собирот констатираа дека и терминот дијаспира не е најсоодветен и по малку е навредлив за нив, а литературата што тие ја создаваат може да се оквалификува како носталгична книжевност.

На собирот покрај за македонската книжевност се говореше и за другите литератури кои се создаваат на Балканот, Европа и во светот. Притоа, беше предложено да бидат подготвени и објавени повеќе избори со творештвото кое се создава во странатво, а овој собир на творците кои живеат, работат и создаваат во странство – да стане традиционален и да се одржува барем еднаш годишно.

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“