Утрински Весник
Македонија

Наташа Крстевска Цалева назначена за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

Ojo 1.webp.webp

Советот на јавни обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за вршител на должноста Виш јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство Скопје, до изборот на нов раководител, но најдолго шест месеци. Назначувањето беше единствена точка на дневен ред на денешната 33. седница на Советот.

Одлуката следи откако на 9 декември Советот му ја прекина функцијата на поранешниот шеф Мустафа Хајрулахи по негово барање. Хајрулахи претходно беше суспендиран поради обвинителен акт поднесен од ОЈО Штип за пет дела „малтретирање во вршење на службата“ и едно „злоупотреба на службена положба“.

Тој ги негира обвинувањата и тврдеше дека случајот е политички мотивиран, поврзан со истрагите за бонусите во СЈО. Крстевска Цалева и претходно беше именувана за в.д. шефица на ова обвинителство во февруари, за периодот додека траеше отстранувањето на Хајрулахи.

Можете да прочитате

Заштитете се од комарци, потврдени два случаи на западнонилска треска во Македонија

Мицкоски: Ќе има секретар за добро владеење, но тоа нема да биде Димовски

Расправија во сообраќајот завршила со тепачка меѓу жени во Ѓорче Петров