Украинската служба за внатрешна безбедност соопшти дека пресретнала телефонски повик кој докажал дека руска „диверзантска група“ ја разнела браната во Каховка, јужна Украина. Во меѓувреме беше објавен и транскриптот од тој наводен разговор.
Аудио снимката прикажува двајца неидентификувани мажи кои очигледно разговарале за последиците од катастрофата на руски, пишува „Гардијан“.
Првиот говорник го започнува разговорот со зборовите: – Вести. Вчера имаше видео на каналот Телеграм – војник стоеше со покриено лице, во униформа. И вели дека нема поплави, дека луѓето живеат нормално. А зад него има прозорец и се гледа вода до колена.
Вториот говорник вели: – Смешно е. Дали се работи за тоа што е уништена хидроцентралата?
Првиот говорник: – Да. Главниот проблем е што хидроцентралата го лади нивниот нуклеарен реактор.
Втор говорник: – Во ред е. Самите си го направија тоа. Ќе експлодира и толку.
Првиот говорник: – Нашите момци го направија тоа. Не се тие, нашите се.
Втор говорник: – Навистина, нашите се? Тие рекоа дека Хохолите (погрден термин за Украинците) го разнеле.
Прв говорник: – Не го разнесоа. Нашата диверзантска група е таму. Сакаа да создадат страв со оваа брана. Не одеше според планот. (Се случи) повеќе отколку што планираа.
Втор говорник: – Да, добро, се разбира. Ќе биде како Чернобил, нели?
Прв говорник: Изграден во 1950-тите. Брзо падна.
Ројтерс објави дека украинската служба не понудила дополнителни детали за разговорот или неговите учесници. Се вели дека започнала кривична истрага за воени злосторства и „екоцид“.
Русија го обвини Киев за уништувањето на браната.
Киев тврди дека уништувањето на браната е „еколошка бомба за масовно уништување“, додека Москва тврди дека тоа е терористички чин извршен од украинските сили како дел од нивната контраофанзива.