Утрински Весник
Економија

Народната банка е домаќин на јубилејната Десетта меѓународна конференција

Desetta Me Unarodna Konferenci A.jpg

Народната банка, во соработка со Комитетот за преобразување на Бретон Вудс (КПБВ), на 1 октомври ќе ја одржи јубилејната, Десетта меѓународна конференција. Гувернери на централни банки, високи претставници на меѓународните финансиски институции и меѓународната академска заедница ќе разработуваат повеќе актуелни прашања обединети под темата „Централните банки и централнобанкарското работење во комплексно опкружување: покажување посветеност и одржување на кредибилитетот”.

Овогодишната конференција на високо ниво ќе ја отворат со свои обраќања претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова, и челните претставници на институциите организаторки, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и извршниот директор на КПБВ, Марк Узан. Воведно  обраќање на Конференцијата ќе има и директорот на Меѓународниот монетарен фонд за Европа, Алфред Камер.  

Следејќи ги актуелните текови и динамичното окружување, годинава предмет на дискусија на Конференцијата ќе бидат современите предизвици како што е задржувањето на независноста и кредибилитетот во работењето на централните банки, при истовремено зајакнување на капацитетите за исполнување на новите задачи коишто ги добиваат централните банки во изминатава декада. На Конференцијата ќе учествуваат гувернерите на Молдавија, Словенија, Хрватска, Албанија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и на Косово, член на Одборот на централната банка на Литванија, претседавачот на Европскиот банкарски орган, извршниот директор на Алијансата за финансиска инклузија, високи претставници на Светската банка, Европската инвестициска банка (ЕИБ), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и на Европската централна банка (ЕЦБ), како и на други истакнати меѓународни институции и академски претставници.

Меѓународната конференција на високо ниво на Народната банка прерасна во повеќегодишна традиција, каде што се сретнуваат носителите на макроекономските политики, претставниците на меѓународните институции и истакнати истражувачи од економската сфера, кои преку обработка на актуелни теми придонесуваат кон натамошен економски развој и напредок, нудејќи нови идеи, визии и политики. 

Можете да прочитате

Петрушевска до опозицијата: Седум години покажувавте огромна негрижа, а сега зборувате за социјална правда

„Сакам да работам“ до ДУИ и ВЛЕН: Дали вашата политичка војна треба да остави 10 илјади луѓе без работа

Демант од Групација на небанкарските финансиски друштва при Стопанската комора на Северна Македонија