Утрински Весник
Балкан

Наместо да стане жртва на телефонска измама, ги намамила во стапица – пензионерка надмудрила измамници од Србија

889dc2da Resize 820x0x100.jpg

Српски државјанин (19) е уапсен во Германија откако смислил измама сонеколку членови на криминална група, но наместо да измами постара жена (82) да им даде 200.000 евра, таа го намамила во стапицата.

Полицијата на Горна Баварија соопшти дека е уапсен млад човек (19) поради сомнение дека се обидел да измами жена од општина Дахау во Баварија. Група измамници во петокот попладне околу 15.00 часот контактирала 82-годишна старица. Во телефонски разговор ѝ било кажано дека нејзината внука е вклучена во тешка сообраќајна несреќа и дека може да избегне затворска казна само со уплата на депозит од 200.000 евра.

Меѓутоа, постарата жена очигледно ја увидела намерата на измамниците и ги надмудрила така што ги „држела“ на линија, исто како на филм.

„Телефонскиот разговор благодарение на вештата пензионерка траеше повеќе од два часа. Во текот на разговорот таа успеала да повика полиција и да ја извести за тоа што се случува“, соопштија од полицијата на Горна Баварија, а пренесува „pfaffenhofen-today.de“.

Договорот бил еден од измамниците да дојде пред нејзиниот дом и да ги земе парите. Но, наместо старицата, полицијата го начекала 19-годишникот од Србија кој веднаш бил приведен.

Во саботата бил донесен на распит, а потоа и сместен во воспитно-поправен дом.

По другите членови на групата е распишана потерница, а истрагата продолжува.

Можете да прочитате

14 лица се уапсени за трговија со оружје во Косово и Албанија

БИРН: Србија увезува опрема за масовен надзор на мобилните комуникации

Двајцата повредени во несреќата во Нови Сад се уште се во тешка состојба