Утрински Весник
Македонија

Намалена затворската казна на Марјан од “Доказ М”, дел за уцените ќе се суди одново

Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за иземање на обвинителот Рајчев
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство, ја одби како неоснована, а жалбите на обвинетиот М. С., делумно ги уважи. Oбвинетиот М. С. го осуди на единствена казна затвор во траење од 2-две години и 6-шест месеци и на парична казна во износ од 5.000 евра во денарска противвредност од 308.450,00 денари.

dobivaj vesti na viber

На обвинетиот М. С. од С. му се изрекува и Забрана за вршење професија, дејност или должност поврзани со кривичните дела односно забрана да врши регистрација на домеин и да се јави како регистрант или сопственик на портал за време од 6-шест години и престанок на регистрацијата на сите регистрирани домеини во кои обвинетиот се јавува како сопственик на портал.

Пресудата на Основниот кривичен суд Скопје, во делот за кривичното дело уцена, ја укина и предметот во тој дел го врати на првостепениот суд на повторно судење, од причина што првостепениот суд не ги утврдил со сигурност решителните факти кои се од влијание за правилна примена на материјалното право, по однос на елементот од битието на кривичното дело Уцена.

 

Можете да прочитате

Димитровски: Нов импулс за економска соработка со Шведска

СДСМ оди на Конгрес на 24 јануари, се чека „амин“ од Централниот одбор

Станови, акции и оружје, што пријавил Лукровски градоначалникот на Карпош