Утрински Весник
Македонија

Намалена видливост на патниот правец Маврово-Бунец

Magla.webp.webp

Магла го зафати патниот правец Маворово – Бунец при што е намалена видливоста до 20 метри. Од ЈП ,,Македонијапат” велат дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и сите патни правци во државата се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.


Посочуваат дека дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

Подетални информации, учесниците во сообраќајот можат да добијат на дежурниот телефон 02 25 61 502.

Можете да прочитате

Савески ги повлекува овластувањата на обвинителите

 34-годишен гостиварец е осомничен дека го убил својот татко во семејниот дом

Скопјанец оштетил полициско возило па нападнал полицаец