Утрински Весник
Балкан

Намален јавниот долг на Албанија, бележи најниско ниво во изминатите10 години

20240808114236 Big 730x400 62.webp.webp

Официјалната статистика на Министерството за финансии покажува дека во периодот јануари-јуни јавниот долг на Албанија е намален за 3 отсто, достигнувајќи најниско ниво во последната деценија.

– Јавниот долг следеше силна надолна траекторија во текот на 2024 година и на крајот на јуни има ниво од  55,72 отсто а во конкретни бројки вкупниот долг на крајот на вториот квартал е намален за околу 6 милијарди лека. Јавниот долг на крајот на минатата година изнесуваше  58,93 отсто од БДП, додека на крајот на 2014 година тој беше над 70 отсто, стои во извештајот на министерството.

Според истиот извор на оваа позитивна состојба влијаело зголемувањето на буџетските приходи во последните неколку месеци Само во првите 6 месеци од годинава приходите бележат вредност од 342,8 милијарди лека или 7 отсто повеќе од истиот период лани.

Друг фактор кој влијаеше на контролата на јавниот долг е контролата на буџетските расходи, но и слабеењето на еврото во однос на лекот, што имаше ефекти врз надворешниот долг на државата.

Можете да прочитате

Протест на опозицијата во Tиранa, полицијата употреби солзавец и водени топови

Се огласи жената која ја претепа Слобода Миќаловиќ: Почна да ја споменува мајка ми

Бојко Борисов: Ја повлекувам кандидатурата за премиер на Бугарија