Утрински Весник
Спорт

Надал: Ќе играм на Ролан Гарос ако сум конкурентен и ако телото ме слуша

Nadal.jpg

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал уште еднаш проговори за настапот на Ролан Гарос оваа сезона.

Тој турнир го освојуваше 14 пати, но моментално е далеку од нивото на игра со кое го освои трофејот во Париз.

Надал се пласираше во третото коло на Мадрид, со победа над 11. играч во светот Алекс де Минор, но истакнува дека се уште не е целосно подготвен.

Услов за еден месец да настапи во Франција е да биде сигурен дека е конкурентен и дека телото нема да прави проблеми.

-Немам идеа. Мислам дека состојбата на моето тело се подобри во последните денови, но се уште не сум сигурен. Разбирам дека е тешко луѓето кои не се во мојот тим да разберат некои работи, но за мене Ролан Гарос е најважниот турнир во мојата кариера. И сè што доживеав и уживав таму останува засекогаш во моето срце. Затоа, не се работи за пораз или победа. Се работи за тоа да излезам таму со чувство дека можам да се борам и да бидам конкурентен. Ако не можам така да излезам на теренот, дури и тој процент да е минимален, нема смисла да играм. Тогаш повеќе би сакал да останам со сите овие спомени што ги имам. Сакам да бидам таму, дури и ако изгубам. Ако имам шанса, ќе излезам. Ако не е така, дури и да е супер, супер мал процент, веројатно нема да излезам на теренот. Тоа е чувството, играњето во три победнички сета, тоа е друга приказна – изјави Надал.

Рафа најверојатно ќе настапи на Мастерсот во Рим, по што ќе донесе одлука за настап на Ролан Гарос.

Можете да прочитате

Адеми погоди Динамо Загреб слави нова шампионска титула

МЗТ Скопје без проблеми стаса до финалето во мак-баскетот каде ќе ја брани титулата

Барнли по една сезона во Премиер лигата се враќа во Чемпионшип дивизијата