Утрински Весник
Магазин

Над 80 отсто од животните-скитници во Турција се згрижени

Kucinja skitnici 255557.png

Турскиот министер за внатрешни работи, Мустафа Чифчи објави дека над четири петтини од животните-скитници во Турција се веќе згрижени. Веста дојде по презентацијата на мобилната апликација за контактирање на бројот за итни случаи, објави Турската државна телевизија „ТРТ хабер“.

– Вкупно 81 отсто од животните-скитници се згрижени во сите 81 округ на Турција. Од нив, 19 отсто остануваат вон прифатилиштата. Нивното згрижување е важно и за безбедноста на граѓаните и за здравјето на самите животни, рече турскиот министер, уверувајќи дека животните ќе бидат сместени во модерни прифатилишта. – Покрај скитниците, новата мобилна апликација ќе овозможи и пријавување на повредени животни – додаде тој.


Најновите статистички податоци за бројот на згрижени бездомни животни Чифчи ги претстави во април, кога изјави дека 75 отсто од нив се згрижени. Исто така, ќе може да се пријават незгрижени животни со испраќање фотографии од нив.

Во Турција беше донесен закон, според којшто милиони кучиња скитници ќе бидат сместени во прифатилишта. Така, нивното отстранување од улиците почна пред речиси две години. Градот Истанбул во тоа време наложи животните-скитници во метрополата да бидат примени до крајот на мај 2026 година.

Според турското Министерство за земјоделство и шумарство, бројот на кучиња-скитници во земјата е околу четири милиони, но според Здружението на ветеринари, тие надминуваат осум милиони единки.  

Можете да прочитате

КОИ СЕ НАЈЛОШИТЕ ВОЗАЧИ ВО ЕВРОПА? Ново истражување за 2026 открива шокантни навики зад воланот

Ѓумбирот е една од најздравите билки, но може да биде опасен за оваа група луѓе

Хороскопски знаци кои трошат без многу размислување