Утрински Весник
Свет

Над 47.000 компании во Велика Британија на работ на финансиски колапс

Img 8149
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во Велика Британија над 47.000 компании се на работ на колапс бидејќи бројот на бизниси кои се соочуваат со „критични“ финансиски проблеми во последните три месеци од 2023 година се зголеми за 25% во споредба со претходниот квартал, стои во извештајот на компанијата за несолвенција Бегбис Трејнор.

Градежниот и секторот за недвижнини се во најголеми проблеми бидејќи 30 отсто од загрозените британски компании работат во овие области, пишува Гардијан.

Бројот на загрозени британски компании во градежната индустрија квартално се зголемил за 32,6 отсто, како и на компаниите во здравството и образованието за 41,3 отсто, а компаниите во услугите за недвижнини за 25 отсто.

„Минатата година беше тешка година за бизнисите во Велика Британија поради зголемените каматни стапки, високата инфлација, ниската доверба на потрошувачите и зголемените и непредвидливи влезни трошоци, а сега гледаме дека овие фактори влијаат на секој дел од економијата на ОБританија“, коментира Џули Палмер, партнер во Бегвис Трејнор.

Банката на Англија ги зголеми каматните стапки од 0,1 отсто на крајот на 2021 година на сегашните 5,25 отсто со цел да ја скроти инфлацијата, што ги спречи компаниите во Британија да земаат евтини заеми за да ги покријат своите финансиски проблеми.

„За жал, десетици илјади британски бизниси ќе мора да се борат за опстанок во 2024 година“, заклучи Палмер.

Можете да прочитате

Сопственикот на TикТок во Кина ја предава мнозинската контрола врз апликацијата на американски инвеститори

Најмалку тројца загинати при нападот во Тајпеј

Гладот ​​во Газа моментално спречен, но ситуацијата е критична