Утрински Весник
Економија

Над 12 милиони евра ќе поделат акционерите на оваа македонска компанија, исплатата ќе биде во месец мај

1706443444 unnamed file.webp.webp

„Управниот одбор на Алкалоид АД Скопје на седницата одржана на ден 29.02.2024 година донесе Предлог-одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2023 година во износ од 540 денари бруто, односно 486 денари нето по акција, што во однос на исплатената дивиденда по акција за претходната година од 490 денари бруто односно 441 денари нето е поголема за 10,2%.“ објавија од компанијата.

За исплатата на дивиденда и персонален данок на личен доход АД Алкалоид ќе издвои над 770 милиони денари. или над 12,5 милиони евра.

Исплатата на дивидендата ќе започне од 15.05.2024 година. Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите,“ велат од компанијата.

Можете да прочитате

СДСМ: Инфлацијата од 4,5% руши рекорди – граѓаните ја плаќаат цената за неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

Наскоро сите домашни производи ќе се означени со „Македонско најдобро”

СДСМ: Срамно, со ребалансот власта крати 30 милиони евра од социјални трансфери за таа да се луксузира