Утрински Весник
Свет

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Spanija.webp.webp

Од саботата, кога почна првиот топлотен бран ова лето во Шпанија, регистрирани се 102 смртни случаи поврзани со високите температури и жештини, соопшти Системот за дневно следење на морталитетот од сите причини (MoMo).

Вкупниот број на смртни случаи во текот на јуни годинава, кој според податоците на Државната метеоролошка агенција (Aemet) е оценет како најтопол месец досега регистриран во земјата, достигна 380, пренесе шпанскиот весник „Елмундо“.


Податоците на MoMo укажуваат дека во првата половина од годината се забележани вкупно 2.168 смртни случаи поврзани со високи и ниски температури, што претставува 68 проценти од вкупниот број на смртни случаи предизвикани од температури во текот на целата 2024 година, кога беа пријавени 3.521 смртен случај

Можете да прочитате

Унгарски министер со години споделувал доверливи информации од ЕУ со Русија

Дали Јапонија ќе испрати воени бродови во Персискиот залив?

Либанскиот претседател ги осуди нападите врз земјата, стравува од инвазија