Утрински Весник
Македонија

Началникот на ГШ на Армијата на конференција на Воениот комитет на НАТО

20250114155156 Big 730x400 92.webp.webp

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денеска ќе учествува на редовната конференција на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови од земјите членки на НАТО и партнерите.

На претстојната конференција во првиот ден ќе се реализираат сесии со началниците на земјите членки на НАТО, на кои ќе се дискутира за повеќе теми меѓу кои безбедносната состојба во зоната на одговорност на Алијансата и подготвеноста за одбрана и одвраќање, модернизацијата и интероперабилноста на НАТО Алијансата, придонесот кон стабилноста и безбедноста, заканите, ризиците и предизвиците.


Како што соопштија од Генералштабот на Армијата, за време на вториот ден ќе се реализираат сесии со партнерите, на кои ќе се разговара за глобалната безбедносна состојба и иднината на партнерството во делот на безбедносната соработка и менаџирањето со кризи. Меѓу другото, се додава, ќе се разговара и за пошироки теми како: климатските промени, безбедност на храна и енергија, нерегуларна миграција, организиран криминал и влијанието на недржавни актери на безбедноста.

Генералот Лафчиски, како што е најавено, ќе реализира и официјална посета на Врховната сојузничка команда на НАТО за операции во Монс, Белгија при што ќе ја посети и делегацијата на нашата земја во НАТО распоредена во Монс и Брисел и штабните старешини распоредени во командната структура на НАТО.

Највисокиот воен авторитет на НАТО алијансата, Воениот комитет во формат на началници на Генералштабови се состанува двапати годишно во седиштето на НАТО во Брисел, а еднаш годишно се одржува во една од сојузничките земји членки на база на ротација.

Можете да прочитате

ЛАДНИОТ БРАН ПРОДОЛЖУВА ВО МАКЕДОНИЈА: Ќе започне и снегот, особено во западните и во југозападните предели!

Oтворен ден во Советот на јавните обвинители за кандидатите со завршена обука од 8-мата генерација на АСЈО

На собраниска седница гласање за новите членови на Советот на АВМУ