Утрински Весник
Македонија

На Табановце за влез во државата се чека до 30 минути

Сообраќајот на патиштата умерен, на граничните премини не се чека долго

На граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила за влез во државата, времето на чекање е околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.

dobivaj vesti na viber

Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Сончево и топло, со умерена локална облачност

Вечерва тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на Пластичарска во Скопје

Сепак имало проблем во МНАВ со фрекфенциите?! Проблемот сами го пријавиле во системот