Утрински Весник
Македонија

На „Табановце“ се чека околу 20 минути

Tabanovce.jpg

Поради зголемена фреквенција на возила, на граничниот премин „Табановце“ времето на чекање за излез од државата е околу 20 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

 АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. 

Можете да прочитате

Искра Хаџи Василева доби најмногу гласови за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Неофицијално: Искра Хаџи Василева освои најмногу гласови за шеф на Обвинителството за организиран криминал

Ги врзувале, тепале и ограбувале за пари и злато: Нови детали за двете убиства во Скопје